Чудесна асистенција на Ламин Јамал – дури и Меси да му позавиди (ВИДЕО)

Без разлика што сѐ уште не е полнолетен, Ламине Јамал дефинитивно се наметнува како еден од најдобрите фудбалери во светот, за што потврда дојде и од вечерашната пресметка на Барселона кај Виљареал.

Каталонците продолжија со импресивните игри во шпанската Ла Лига и ја добија средбата со убедливи 5-1, шеста победа во низа во домашното првенство.

Јамал асистираше за петтиот гол на Барса и тоа на чудесен начин со надворешниот дел од копачката во стилот на Лионел Меси, што беше негово петто додавање за погодок оваа сезона.