Барса осум месеци без првиот голман - Тер Штеген со солзи изнесен од теренот (ВИДЕО)

Екипата на Барселона продолжи да гази се пред себе во Шпанија, откако вечерва како гостин го прегази Виољареал (5-1), но трите бода од оваа средба беа прескапо платени.

Причина за тоа е тешката повреда на првиот голман, Марк-Андре Тер Штеген, кој во судиското надополнување со солзи во очите на носилка беше изнесен од теренот.

Првичните прогнози се дека германскиот чувар на мрежата ќе биде дури осум месеци надвор теренот, што уште сега може да се каже дека за него оваа сезона веќе е завршена. Деталните прегледи ќе му бидат извршени утре по што ќе се знае официјално колку ќе биде долга неговата пауза.