„Поразот на Динамо во ЛШ не е катастрофа, Барселона на Меси загуби со 2-8 од Баерн“

Првиот човек на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин даде коментар по дебаклот на Динамо Загреб на почетокот на новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).

Динамо загуби со 2-9 од Баерн Минхен во првото коло, а Чеферин смета дека поразот не е катастрофа, иако е со висока гол-разлика.

„Резултатот во еден момент беше 2-3, поразот на Динамо не е катастрофа. Не треба да заборавиме дека Баерн со 8-2 ја победи и Барселона со Меси и Суарез“, кажа Чеферин.