ФИА го забрани задното крило на Мекларен по реакциите од Ферари и Ред Бул

Задното крило на болидот на Мекларен во Формула 1 не ја помина најновата контрола, па поради тоа екипата мораше да направи одредени промени.

Ред Бул и Ферари протестираа поради потегот на Мекларен да го измени задното крило и така да добие поголема брзина.

Овој трик на Мекларен им помогна на Ландо Норис и Оскар Пјастри во изминатите трки да освојат важни бодови во трката за подобар пласман.