Анчелоти ќе ги „пакува куферите, познат е неговиот наследник во Реал Мадрид

Карло Анчелоти имаше успешна сезона со Реал Мадрид, а во новата ќе се обиде повторно да освои неколку титули, но без разлика на резултатите се планира негово заминување на крајот на сезоната.

Анчелоти сака да остане во „кралскиот клуб“, меѓутоа претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез има друга намера, а тоа е да го ангажира Чаби Алонсо.

Алонсо заедно со Баер Леверкузен минатата сезона ја освои Бундеслигата и ги импресионира сите со настапите на германскиот гигант.

Перез, наводно, сака да почне преговори со Алонсо во следниот период, а да го постави за главен тренер пред почетокот на наредната сезона.