Официјално: Фенербахче го потврди трансферот на Бобан Марјановиќ!

Српскиот кошаркар ја напушти НБА и се врати во Европа, потпиша едногодишен договор со Фенербахче со можност да биде раскинат ако до јануари добие понуда од НБА.

Турскиот шампион ќе го има највисокиот центар за престојната сезона во Евролигата. Марјановиќ кој е висок 224 сантиметри стана кошаркар на Фенербахче.

Тој се враќа во Европа од Хјустон Рокетс каде играше за 2,9 милиони долари годишно. Платата во Фенер ќе му биде драстично помала, ќе игра за 400.000 евра.