„Гранде“ Пандев гостин на Интер на дербито со Манчестер Сити (ВИДЕО)

Горан Пандев е жива легенда на Интер и еден од милениците на навивачите на миланскиот клуб и тоа ќе остане така засекогаш.

Поранешниот македонски репрезентативец денеска ќе биде специјален гостин на „нераѕурите“ на дербито од Лигата на шампионите против Манчестер Сити во Англија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Inter (@inter)

Синоќа тој присуствуваше и на тренингот на Интер и се поздрави со дел од играчите кои му укажаа почит на освојувачот на тројната круна од 2010 година.