Ѓоковиќ се „отвори“, се фати за микрофон и направи шоу во ноќен клуб во Софија (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров синоќа одиграа егзибициски меч во Софија, но вистинската забава ја приредија подоцна, во ноќен клуб.

Таму српскиот ас се фати и за микрофон и отпеа неколку турбо фолк хитови, а откако диџејот во клубот не му исполни желба да му ја пушти омилената песна, пристигна бугарската пејачка Камелија за лично да ја му ја отпее.

На снимките од бурната забава може да се забележи и како Ѓоковиќ во еден момент свири на тапани, фрла марамчиња и најважно, се наоѓа во одлично расположение.