Се огласи Ристовски по дебаклот на Динамо: Имам само една молба
Сепак, додека многумина ги избегнуваа новинарите по завршувањето на мечот, поранешниот македонски репрезентативец во негов стил, храбро застана пред нив и испрати порака до навивачите и соиграчите.
„Пред се, сакам да им се извинам на сите фанови на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат покрај нас. Не е лесно да се излезе и да се коментира по овој пораз. Мораме да бидеме свесни дека не претставуваме само Динамо, туку и хрватскиот фудбал. Сега е најлесно да се впери прстот во некого и да се каже дека е виновен, но само заедно можеме да се извлечеме од оваа ситуација.
Што и да кажам сега е премногу и премалку. Динамо со години градеше имиџ и ова е неприфатливо за сите нас. Имам само една молба - да останеме заедно бидејќи само така можеме да одиме напред“, рече Ристовски.
Зад Динамо е тешка недела во која прво загуби од својот голем ривал Хајдук на домашен терен, а сега доживеа и дебакл во Лигата на шампионите.