Ноќ за рекорди: Кејн уште долго ќе го памети мечот со Динамо Загреб

Баерн Минхен со 9-2 го распарчи Динамо Загреб на почетокот на новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), а дури четири погодоци беа дело на англискиот напаѓач Хари Кејн.

Кејн постигна четири гола и стигна до бројката од 33 голови во елитното натпреварување, односно го надмина поранешниот англиски фудбалер Вејн Руни, кој има 30 погодоци.

Напаѓачот на Баерн, исто така, стана прв фудбалер кој постигнал хет-трик од пенали, но и прв Англичанец кој постигнал четири гола во натпревар во ЛШ по Алан Смит за Арсенал против Австрија Виена во 1991 година.