Ѓоковиќ загуби од Димитров на мечот во Бугарија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше поразен во мечот во Софија од Григор Димитров со 1-2 во сетови, односно 4-6, 6-2 и 6-10.

Натпреварот беше без резултатско значење, па двајцата тенисери се опуштија на теренот и уживаа во нивната борба, а притоа ја забавуваа публиката на трибините.

Пред овој натпревар, Ѓоковиќ имаше дури 12 победи против Димитров, додека Бугаринот славеше само еднаш.