Лош почеток за Ливерпул: Пулишиќ ја „скина“ мрежата на Алисон (ВИДЕО)

Милан води против Ливерпул на „Сан Сиро“, откако американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ го матира Алисон Бекер на стартот на мечот.

„Росонерите“ имаа одличен контра-напад во третата минута кој беше крунисан со погодок од страна на Пулишиќ.