Газдите на Рома веруваат во Де Роси и покрај очајниот старт на сезоната

По четири одиграни кола во Серија А, Рома е на 15. место со три освоени бода, римската волчица уште нема победа па веќе почнаа шпекулации за тренерска смена.

Сопствениците на Рома, Фридкинс вчера допатувале во Рим и биле присутни на тренинг на Рома, имале средби и со тренерот, Даниеле Де Роси.

Тие му дале поддршка на Де Роси, веруваат дека тој е вистинскиот тренер за нивниот долгорочен проект кој е на почеток.

Ова лето Рома инвестираше многу во тимот, даде преку 100 милиони евра, но засега нема резултати.