Атаман збесна поради судиите и беше испратен на ладење (ВИДЕО)
Бранителот на титуката во Евролигата, во Никозија се сретна со тимот од Израел, а Макаби славеше со 88-85 и му покажа на ПАО дека не е толку моќен колку што се чини. Развојот на настаните не му се допадна на Атаман кој во еден момент влета во теренот, му се внесе в лице на еден од судиите, а неговиот колега без размислување го испрати во соблекувална.
Панатинаикос добро играше на подготовките, но денеска наиде на цврст тим на Макаби кој ќе има што да каже во новата сезона.