Минхенската „деветка“ му пресуди: Адеми и Ристовски останаа без тренер!
Сергеј Јакировиќ го напушти кормилото на Динамо Загреб, па така македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми останаа без тренер на самиот почеток на сезоната.
Членовите на Динамо уште во средата разговарале за иднината на Јакировиќ, а „24сата.хр“ објави дека тој повеќе не е тренер на гигантот од Загреб.
Главен кандидат за кормилото на Динамо е поранешниот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач, иако како опции се споменуваат и Жељко Сопиќ и Игор Јовичевиќ.