Винисиус прогласен за играч на сезоната во Лигата на шампионите
Неговиот тим ја освои титулата во Лигата на шампионите, а Винисиус партиципираше со шест гола и четири асистенции на 10 меча при што погоди и во финалето против Борусија Дортмунд.
Пред две години, Винисиус беше прогласен и за најдобар млад фудбалер во Лигата на шампионите, а во новата сезона ќе атакува на својата трета титула во ова натпреварување.