Жирона го најави настапот во ЛШ: Бојан е подготвен! (ФОТО)

Жирона има одлична сезона зад себе преку која избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), а пред историскиот настап објави најава со македонскиот напаѓач Бојан Миовски.

Шпанската екипа гостува на „Паркот на принцовите“ кај ПСЖ во првото коло, а Миовски се очекува од првата минута да го нападне голот на ривалот.

„Бојан е подготвен“, објави Жирона пред историскиот натпревар.

Освен Миовски, во елитното натпреварување ќе настапат и Стефан Ристовски, Елиф Елмас и Аријан Адеми.