Ѓоковиќ го чека пад на АТП-листата, но и проблеми за Австралијан опен
Ѓоковиќ би можел да испадне од топ-10, а тоа најмногу ќе му направи проблеми на Австралијан опен затоа што го чека потенцијален дуел со Јаник Синер или Карлос Алкараз уште во осминафиналето.
Србинот во завршницата на 2024 година брани 2.300 бодови, па доколку не успее да ги одбрани, тогаш му се заканува „црното сценарио“.
Ѓоковиќ претходно најави дека нема да брка бодови и не размислува за АТП-листата.