Јамал импресионира во дресот на Барселона, па за награда ќе добие - нов договор!

Барселона има пет победи по ред во Ла Лига, а еден од најдобрите поединци во каталонскиот тим е талентираниот Ламине Јамал кој наскоро ќе добие нов договор.

Јамал учествуваше во постигнување на седум голови на Барселона во Ла Лига, а тоа посебно го израдува претседателот на клубот Жоан Лапорта.

Лапорта му подготвил нов договор на Јамал, кој ќе биде потпишан откако младиот фудбалер ќе наполни 18 години, а воедно се очекува значително зголемување на платата.

Јамал во моментов заработува „само“ 1,5 милиони евра по сезона, но дефинитивно ќе добие поголема плата, но и соработка на пет години.