Лапорта го „одврза ќесето“ за најдобрата фудбалерка во светот

Одличната фудбалерка и освојувачка на „Златната топка“, Аитана Бонмати го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2028 година.

Барселона имаше договор со Бонмати на уште една сезона, претседателот на каталонскиот гигант Жоан Лапорта реши да го „одврзе ќесето“.

Челси бил сериозен кандидат за потписот на Бонмати, меѓутоа не можел да ѝ парира на финансиската понуда на Барселона, чија сума засега не се открива во јавност.