Дончиќ добива друштво: Гркот Јанис се сели во Далас!?

Далас маверикс оваа сезона ќе се обиде да оствари подобри резултати, а повторно главна ѕвезда ќе биде Лука Дончиќ кој од следната година би можел да добие уште една ѕвезда.

Американските медиуми пишуваат дека Далас планира да тргне по потписот на Јанис Адетокумбо од Милвоки бакс и да создаде моќен тим кој ќе го нападне шампионскиот прстен.

Далас заедно со Дончиќ, Кајри Ирвинг, Клеј Томпсон, Даниел Гафорд и Адетокумбо би делувал незапирливо во најсилната кошаркарска лига.