Ѓоковиќ доби покана од шеиците - може да заработи шест милиони евра!

Во октомври се подготвува тениски спектакл во Саудиска Арабија каде што треба да нстапат шест тенисери, односно Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне.

Турнирот е планиран од 16 до 19 октомври и ќе има богати парични награди за учесниците, односно секој од нив има загарантирани 1,5 милиони евра, додека победникот може да освои дури шест милиони евра.

Засега не се откриваат повеќе детали и по кој систем ќе се игра турнирот, но и тенисерите не го потврдиле нивниот настап на турнирот во Саудиска Арабија.