Синер ангажира поранешен член на стручниот штаб на Ѓоковиќ
Како што се најавуваше пред неколку дена, Синер се договорил со кондицискиот тренер Марко Паники за соработка, па така во иднина тој ќе треба да му помогне на Италијанецот да остане на врвот на ранг-листата.
Паники во минатото му помагаше на Ѓоковиќ да остане во одлична форма и да ги оствари најголемите успеси во кариерата.