Мусиала херој за Баерн, Леверкузен во финишот испушти победа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен во рамките од 10. коло во Бундеслигата минимално славеа над Сент Паули на гости, додека шампионот Баер Леверкузен прими гол во завршницата и остана без победа на гости кај Бохум.

Баерн Минхен доминираше на гости кај Сент Паули, сепак на крајот натпреварот го одлучи само еден гол.

Џамал Мусиала ја погоди мрежата на домаќините во 22 минута и тој погодок се покажа како доволен Баерн (0-1) да ги однесе трите бода. Домашниот тим беше целосно инфериорен и не упати ниту еден удар во рамките од голот, додека Баерн пропушти уште неколку добри прилики за поубедлива победа.

 

Актуелниот шампион Баер Леверкузен испушти победа во завршницата од натпреварот на гости кај Бохум (1-1). Патрик Шик ги доведе избраниците на Чаби Алонсо во водство во 18. минута и таа предност ја имаа се до завршницата. Се играше 89. минута кога Мијоши ја погоди мрежата на на гостите и така донесе бод за својот тим.

Мајнц на свој терен ја изненади Борусија Дортмунд победувајќи ја со 3:1. Ли Јае-Сунг, Буркард и Небел стрелаа за домаќините, додека единствениот погодок за гостите го постигна Гираси. Влијание на поразот на Борусија сигурно имаше и црвениот карто на Емре Чан во 27. минута.

Во преостанатиот натпревар во овој термин Вердер со 2-1 беше подобар од Кил. 

На табелата Баерн има 26 бода, додека Лајпциг со натпревар помалку е на 20. Тимот на Елмас денеска од 18:30 часот на свој терен се соочува со Борусија Менхгладбах.