Шкупи во драматична завршница славеше над Тиквеш

Кошаркарите на Шкупи во драматичен натпревар денеска успеаa да славat победа над Тиквеш со 85-82.

Натпреварот кој се играше во „СРЦ Кале“ донесе израмнета игра и се играше егал уште од почетокот на натпреварот, а на крајот домаќините успеаа да слават.

Двете екипи се менуваа во водство првата четвртина, а потоа пред полувремето Шкупи со нешто подобра игра успеа да обезбеди предност. На одморот сепак таа беше минимална (41-40).

Домашните кошаркари подобро го започнаа второто полувреме, но потоа одново дојде до пад во играта и следевме неизвесна завршница во која видовме и многу слободни фрлања.

Најефикасен беше Мајк Грин од Тиквеш со 26 поени, додека за Шкупо дабл-дабл учинок од 21 поен и 13 скока имаше Стојановски.