Аморим ги разочара навивачите: Јунајтед уште долго ќе страда

Иако во него гледаа спасител од актуелната ситуација, португалскиот стручњак Рубен Аморим по своето деби на клупата беше брутално искрен за состојбата во која се наоѓа Манчестер Јунајтед.

Реставрацијата, односно комплетниот ремонт на тимот од Олд Трафорд ќе претставува долг, макотрпен и исклучително сложен процес и тоа го потврди довчерашниот стратег на Јунајтед кој одигра само 1-1 со 18. тим во Премиер лигата, Ипсвич.

„Знам дека е фрустрирачки за навивачите, но менуваме многу работи во овој момент, со толку многу натпревари. Не чека долг период на страдање, ќе ни биде потребно многу време. Можевме да го победиме Ипсвич, но исто така можевме и да загубиме да не беше Онана“, рече Аморим.