Во Партизан се заборавиле од трошење - за телефон должат речиси два милиона евра

Новиот претседател на Партизан, Расим Љајиќ секојдневно открива детали од работата на поранешната управа на клубот, а тие се страшни за навивачите на клубот.

Се трошело масовно, без „усул“, дури и за најмали работи. Долговите изнесуваат околу 60 милиони евра, а најсмешна е сумата која се должиз за телефонски услуги.

„За телефон должиме 1,9 милиони евра. Просиме најстрашно. Не знам како е направена таква сума, освен ако Вучелиќ и Вазура не се јавувале на хотлајн“, разочарано изјави Љајиќ за српските медиуми.

Тој и неговите соработници ќе имаат тешка задача да го извадат клубот од тешката состојба и, како што стојат работите, уште 2-3 години нема многу да се промени во Партизан.