Мурињо не е среќен во Турција - сака да се врати во Премиерлигата!
Англиските медиуми пишуваат дека Мурињо сака да ја напушти Турција, а како негов следен клуб се споменува Њукасл.
Њукасл беше во серија од пет натпревари без победа во Премиерлигата, поради што се зголеми притисокот врз тренерот Еди Хау.
Хау наводно не е во добри односи ниту со спортскиот директор на клубот, а тоа сака да го искористи Мурињо кој веќе договорил враќање во Англија доколку наскоро биде отпуштен актуелниот тренер на Њукасл.