Шкендија во натпревар со седум гола подобра од Брера, гужва на врвот!
Шкендија беше подобра од Брера со 4-2 и така го презема врвот на табелата од Работнички, но по 27 бода имаат уште Силекс и Гостивар.
Голеадата во Тетово денес започна во 13. минута кога Шала го отвори резултат. Веќе по половина час игра Рамадани зголеми на 2-0. Пред крајот на првиот дел Ристовски се погрижи за 2-1.
Брера по само шест минути игра во вториот дел дојде и до израмнување, стрелаше Ивковиќ. Веќе во 53. минута Шкендија ја врати предноста, погоди Адеми. Набрзо по голот на Адеми во листата на стрелци се запиша и Ване Крстевски за 4:2. Конечните 4-3 беа поставени на десетина минути пред крајот со вториот гол на Ивковиќ.
Актуелниот шампион Струга Трим Лум го нанесе првиот пораз на сезоната на Работничк и тоа со 1-0. Единствениот гол беше дело на Кехинде во 34. минута. По овој пораз Работнички е дури четврти на табелата.
Силекс на свој терен со истиот резултат (1-0) беше подобар од Пелистер. Довлен за победа на домаќините беше убавиот гол на Додев во 12. минута.
Гостивар во Маџари беше сигурен и со 4-0 ја декласираше Воска Спорт, сите четири гола домаќините ги постигнаа во второто полувреме. Без голови заврши средбата Тиквеш - Беса.
ТАБЕЛА: Шкендија 27, Силекс 27, Гостивар 27, Работнички 25, Струга, 25, Шкупи 16, Пелистер, 16, Брера 15, Беса 13, Воска Спорт 11, Вардар, 11, Тиквеш 10.