Шоу на Винисиус, Осасуна немоќна во Мадрид (ВИДЕО)
Родриго се повреди по само 20 минути игра и на негово место во игра влезе Брахим Дијаз, десет минути подоцна и Милитао беше приундно заменет.
Првиот гол домаќините го постигнаа преку Винисиус Жуниор во 34. минута кој беше и играч на натпреварот. Џуд Белингем пред крајот на првиот дел се погрижи за 2:0.
Во второто полувреме Винисиус постигна уште два гола за конечни 4-0. Сепак по овој дуел навивачите и Анчелоти ќе бидат во исчекување на резултатите од дополнителните тестови на Родриго и Милитао.