Шкупи се жали по поразот: Никој не го сфати сериозно нашето барање! (ВИДЕО)
Шкупи реагираше и пред натпреварот на изборот на Игор Стојчевски за главен судија за овој дуел, а сега се жали на третиот гол за Вардар кој го постигна Мицевски.
„Тоа на кое предупредувавме и се случи. Главниот судија Игор Стојчевски си ја заврши работата. Пред натпреварот предупредивме дека овој судија не е способен да суди ваков натпревар и дека подолго време е на нашата непожелна листа. Сепак, барањето на нашиот клуб никој не го сфати сериозно. Во 83. минута сите видоа дека Мицевски е во офасајд, но не и противничкиот омилен судија. Нашето детално објаснување ќе го дадеме утре“, стои во соопштението.