Артета може да здивне: Познато колку ќе паузира Сака
Англиските медиуми пишуваат дека Сака имал медицински прегледи кои покажале дека ќе биде подготвен за дербито против Манчестер сити кое се игра на 22 септември.
Пред гостувањето на „Итихад“, Арсенал ќе игра и против Аталанта во Лигата на шампиони (ЛШ), а се очекува тренерот Микел Артета да биде без услугите на Сака на тој меч.
„Мора да го прифатиме тоа што го имаме на располагање во моментов“, кажа Артета по победата против Тотнем.