Роналдо не отпатува во Ирак, Ал Наср без Португалецот на стартот од азиската ЛШ

Кристијано Роналдо поради вирусна инфекција не отпатува со својот Ал Наср за натпреварот од новата сезона во азиската Лига на шампиони против Ал Шортa.

Ал Наср објави дека португалскиот напаѓач не се чувствувал добро и докторот на тимот предложил да му се даде одмор.

Доколку ситуацијата биде подобра Роналдо може да настапи во ова натпреварување на 20 септември кога Ал Наср треба да игра против Ал Рајан од Катар.

Роналдо неодамна со головите за Португалија против Хрватска и Шкотска ја надмина границата од 900 гола, а негова цел е да дојде до 1.000 погодоци, па затоа и секој натпревар за португалскиот ас е и тоа како важен.