Хрватот Ловрен кариерата ја продолжи во Грција

Хрватскиот дефанзивец, Дејан Ловрен кариерата ја продолжи во Грција во редовите на ПАОК.

Ловрен кој минатата сезона го носеше дресот на Лион во редовите на грчкиот тим пристигнува како слободен играч откако претходно го раскина договорот со францускиот клуб.

Ловрен и Олимпик преговараа за раскинување на соработката бидејќи фудбалерот не се вклопуваше во плановите на тренерот Пјер Саж.

Тој беше оставен настрана и во текот на припремите за тековната сезона за побрзо да замина, а проблем беа неговите високи примања.

Покрај Лион, Ловрен претходно во кариерата играше за Динамо Загреб, Саутемптон, Зенит и Ливерпул за кој настапи на 185 натпревари.