Федерер има голем финансиски проблем – Надал и Ѓоковиќ се „виновни“ за тоа!

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер, кој ужива во пензија и ја користи можноста да патува и да ги прошири своите бизнис активности, во моментов се соочува со сериозни финансиски тешкотии поврзани со турнирот „Лејвер куп“, чиј основач е самиот.

Тешките времиња доведоа до драстично зголемување на цените на билетите за овој настан, па според шпанска „Марка“ најевтините билети сега чинат 300 евра, додека најскапите достигнуваат дури до 4.500 евра. Ланското издание на „Лејвер купот“ заврши со загуба од 1,8 милиони евра, а овогодинешниот турнир се очекува да биде во минус за 1,5 милиони евра. Зголемувањето на цените на билетите само ја влоши ситуацијата, предизвикувајќи пад на интересот кај навивачите.

Една од главните причини за финансиските проблеми на Швајцарецот е неиграњето на најголемите тениски ѕвезди на денешницата. Рафаел Надал ненадејно се повлече, што налути многу фанови бидејќи тие купиле скапи билети првенствено поради неговото учество. Шпанецот објасни дека не е повреден и дека решил да му го отстапи местото на друг тенисер кој е во подобра фопрма за да му поогне на Тимот Европа, но многумина веруваат дека тоа е само изговор.

Новак Ѓоковиќ, кој претходно беше клучен играч на турнирот во 2022 година, исто така одлучи да не учествува оваа година. На негово место на теренот ќе се појави Григор Димитров кој ќе им се придружи на Каспер Руд, Стефанос Циципас, Карлос Алкараз, Александар Зверев и Данило Медведев. Од друга страна, Тимот Свет е предводен од Џон Мекинро, а во составот се Алехандро Табиљо, Алекс де Минор, Тејлор Фриц, Бен Шелтон, Томи Пол и Френсис Тиафо.

„Лејвер купот“ годинава ќе се игра во Берлин од 20 до 22 септември и е седмо издание на турнирот што Федерер го започна со своите деловни партнери.