Ѓоковиќ откри какви планови има до крај на 2024 година

Српскиот тенисер Новак Ѓоковивќ оваа година не освои ниту една гренслем-титула, но затоа се закити со златниот медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

До крајот на сезоната има уште доста да се игра, а Ѓоковиќ во разговор со новинарите откри какви се неговите планови.

„Нема да играм на турнирот во Белград. Секако, нема ниту да одморам, затоа што ќе играм меч во Бугарија, па потоа ќе настапам во Шангај и ќе видиме што ќе се случи друго. Вообичаено во кариерата имав план за шест месеци однапред, меѓутоа овој пат немам такво нешто“, кажа Ѓоковиќ.