Меси се врати со два гола и го израдува Интер Мајами (ВИДЕО)

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси по долга пауза се врати на теренот и постигна два гола во победата на Интер Мајами против Филаделфија унион со 3-1.

Интер Мајами прими гол уште во втората минута од средбата, но потоа Меси израмни во 26. минута, а потоа стрелаше во 30. минута за целосен пресврт.

Победата за Интер Мајами ја потврди Луис Суарез во 98. минута, откако Меси му асистираше.