
Ветеранот Александар Коларов станува селектор?
Според информациите во Фудбалскиот сојуз на Србија само го чекаат крајот на квалификациите во октомври за смена на досегашниот предводник, Љубинко Дурловиќ.
Информациите на српски „Информер“ се дека во овој момент фаворит за негов наследник е Коларов.
Коларов по завршувањето на играчката кариера се уште не работел како тренер и ова би бил негов прв предизвик.
Во ФСС се надеваат дека Србија ќе биде домаќин на Европското првенство за млади во 2027 година, а поранешниот фудбалер на Лацио, Рома, Манчестер Сити и Интер ќе има задача да постави што е можно подобар резултат со генерацијата фудбалери 2004 и помлади.