Волф правеше чуда и ја одведе Германија во финале на ОИ!

Репрезентацијата на Германија е прв финалист на во ракометното финале на Летните Олимписки игри откако во полуфиналето беа подобри од Шпанија со 25:24.

Херој за Германците беше голманот Андреас Волф кој натпреварот го заврши со 21 одбрана. Посебно се истакна Волф во клучните моменти кога Шпанците стигнуваа на двапати до позитива од еден гол.

Во тие моменти Волф не дозволи „Фуријата“ да се „одлепи“, па така ја остави својата селекција во егал. Најефикасен во натпреварот беше Ушчинс со шест гола, додека за Шпаниај пет постигна Фернандез.

Ќе потсетиме, правда на овој натпревар делеа македонските најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.