Сеирџиите „удрија“ по македонските спортисти зашто - гледаа на погрешна страна (ФОТО)

Македонските спортисти кои ќе учествуваат на Олимписките игри последниот половина час се интересни на социјалните мрежи поради еден несекојдневен момент.

Тие го делеа бродот заедно со Луксембург и Мадагаскар, а на претставувањето беа свртени со грбот на страната на која беа камерите, па на телевизискиот пренос не можеа да се видат нивните ликови.

Тоа предизвика сеир на социјалните мрежи, не само за нашите, туку и за спортистите од Луксембург кои исто така гледаа на спротивната страна.