Јуниорската репрезентација на Македонија со големи проблеми ја победи Ирска во првото коло од Европското првенство што се одржува во Скопје.

Младите кошаркари триумфираа со 73-63 за што им беа потребни дополнителни пет минути откако во основните 40 добија само една од четирите четвртини. Македонија многу тешко го почна натпреварот, Ирска го диктираше темпото цело прво полувреме, но на пауза сепак се замина со +5 за нашата репрезентација (37-32), пред се поради на брзите пет минути на Јаничиќ во последните секунди од втората четвртина. Се чинеше дека отпорот на противникот ќе биде скршен во вториот дел, но најмногу што успеа да поведе Македонија беше +6.

Место убедлива предност, Ирска ја презеде контролата над резултатот во втората половина од последната четвртина и на минута пред крајот имаше водство од три разлика (62-59). Повторно ситуацијата ја спаси Јаничиќ со тројка за израмнување по што ни едните, ни другите не успеаја да поентираат. Продолжението помина во тотална доминација на Македонија, нашите кошаркари го добија со 11-1 и се спасија од неочекуван пораз на стартот од првенството.

Јаничиќ беше најефикасен во македонската репрезентација и единствен со двоцифрен број поени -27, а се истакна и Луканоски со 9 скока и 9 асистенции. Следен противник на Македонија е БиХ, утре од 18:30 часот.