Џудист од Иран е првата допинг-жртва на уште непочнати ЛОИ во Париз!

Иранскиот џудист Саџад Сехен (28 години) е првиот спортист на Олимписките игри во Париз кој „паднал“ на анти-допинг тестот пред почетокот на натпреварувањата.

Неговиот примерок бил позитивен на анаболните стероиди метандиенон и болденон, по што автоматски бил исфрлен од турнирот на кој требаше да се натпреварува во вторник.

„Овој спортист не може да настапува, тренира, да биде тренер или да учествува во каква било активност на Олимписките игри“, се наведува во официјалниот извештај.

Сехен лани освои два бронзени медали во натпреварувањата на Светскиот куп и тоа во категоријата до 81 килограм.