Олмо на слатки маки - уште еден гигант се вклучи во трката за неговиот потпис

Лајпциг е подготвен да го продаде Дани Олмо за 60 милиони евра, колку што изнесуваше претходната откупна клаузула на шпанскиот репрезентатитивец, а за неговите услуги постои интерес од Барселона и Манчестер сити.

Барселона во изминатите денови испрати понуда до Лајпциг од 40 милиони евра плус бонуси, меѓутоа бундеслигашот ја одби понудата затоа што сака 20 милиони евра повеќе.

„Граѓаните“ наводно се подготвени да понудат 60 милиони евра и наскоро ќе испратат своја понуда до германскиот тим.

Олмо има договор со бундеслигашот до јуни 2027 година, , за кој досега настапи на 148 меча, а притоа постигна 29 гола и 34 асистенции.