Пјастри: Си го остварив сонот, екипата донесе одлична одлука

Победник на трката за Големата награда на Унгарија е Оскар Пјастри кој смета дека не постои проблем во одлуката на Мекларен до неговиот колега Ландо Норис да му ја препушти победата.

Норис дискутираше со екипата неколку круга по ред и одбиваше да го предаде првото место, но во финишот доби наредба да го остави Пјастри да победи.

„Што подолго чекате, толку повеќе сте нервозни. Тимот донесе одлична одлука, тоа беше вистински потег. Се поставив во вистинска позиција од самиот старт. Имаше компликации во финишот, но на крајот сè заврши како што треба“, кажа Пјастри.