Страшен гол на Давид Бабунски за Данди јунајтед! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски постигна прекрасен гол за Данди јунајтед во куп дуелот против Еир.

Бабунски даде гол од слободен удар, Македонецот биеше од позиција на скратен корнер и го погоди аголот од втората статива на противникот. Ова е негов деби гол за Данди.