УЕФА отвори истрага против Родри и Мората кои скандираа „Гибралтар е шпански“
Фудбалската федерација на Гибралтар поднесе жалба, по која УЕФА веднаш реагираше и отвори истрага која ќе покаже каква казна ќе добијат Мората и Родри.
Родри прв почна да скандира, а потоа Мората се вклучи и ја повика публиката да им се приклучи во скандирањето.