Интер киксна кај Монца – во финишот едвај спаси еден бод (ВИДЕО)

Екипата на Интер ја пропушти можноста да се искачи на врвот од табелата во Серија А, откако во вечерашниот меч од 4. коло едвај дојде само до реми на гостувањето кај Монца (1-1).

Миланезите влегоа како голем фаворит во оваа пресметка, но тоа не го оправдаа на теренот, каде што домашниот тим со борбена игра успеа да им ги неутрализира сите адути во нападот. Потврда за тоа е фактот што „нераѕурите“ имаа само еден удар директно во голот на противникот и блага надмоќност во поседот на топката. Португалецот Дани Мота во 81. минута ги израдува домашните навивачи со прекрасен гол со глава, но неговата радост спласна само седум минути подоцна, кога Дамфрис го изедначи резултатот.

Првопласиран тим во Италија во моментов е Наполи со девет бодови, по што следуваат Интер, Јувентус и Торино со по еден бод помалку, а шанса да биде лидер по четвртата рунда има Удинезе ако успее да слави на утрешното гостување кај Парма.