
Пелистер се засили и со искусниот Даниел Карчевски
Битолчани денеска го потврдија ангажанот на искусниот Даниел Карчевски. 32-годишниот лев бек во Битола доаѓа од Тиквеш каде што играше во минатата сезона, а во домашното првенство беше дел уште од Победа и Силекс.
„Задоволство ни е да го официјализираме и претставиме потпишувањето на ,,Карче”, кој претходната сезона го носеше дресот на ГФК Тиквеш. Од денес сме уште посилни на левата бековска позиција во тимот, на која Карчески треба да придонесе со своето големо искуство и квалитет“, соопштија од Пелистер.
Претходно во Битола пристигнаа неколку засилување, а најзвучно име секако е повратникот во македонскиот фудбал и екс-репрезентативец, Мирко Ивановски.