Крејчикова е изненадувањето на Вимблдон, ќе игра - финале!
Крејчикова која е 32. на ВТА листата има турнир од соништата на Вимблдон, последна нејзина жртва беше Рибакина.
Рибакина добро го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3, но потоа се сменија работите. Крејчикова беше подобра со 6-2 во вториот, чешката тенисерка го доби третиот решавачки сет со 6-4 и се пласираше во финалето.
Ова за Крејчикова е враќање меѓу најдобрите во светот, таа во 2021 година го освои Ролан Гарос.
За титулата на Вимблдон таа ќе се бори со Паолини која со 2-1 беше подобра од Векиќ.