Карвахал: На Родри секој ден му велам да дојде во Реал - во Манчестер нема сонце!
Родри во Манчестер Сити се промовираше во еден од најдобрите играчи на неговата позиција, Карвахал смета дека токму таков играч му е потребен на Реал Мадрид.
„Секој ден му велам на Родри да потпише за Реал Мадрид. Секој ден му велам да го напушти Манчестер, нема сонце таму и да се пресели во Мадрид бидејќи ни е потребен“, вели Карвахал.
„Тој ми вели дека има договор... но би бил перфектен за нас“.